17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го презема претседателството со ЕУ

Германија го презема претседателството со ЕУ

Денес, Германија по 13-ти пат го презема ротирачкото шестмесечно претседателство со ЕУ, и за време на мандатот нејзин приоритет ќе биде борбата против пандемијата од коронавирус, економското и социјалното закрепнување на Европа.

Германија го презема раководството на Советот на ЕУ од Хрватска, чиј мандат исто така во голема мера го одбележа пандемијата.

Од 1 јули, Германија ќе формира таканаречена претседателска тројка на ЕУ со Португалија и Словенија, која ќе го преземе претседателството во првата и втората половина на 2021 година.

На почетокот на 2019 година, Берлин, Лисабон и Љубљана постигнаа договор поблиску да работат на поврзување и координирање на своите ротирачки мандати на чело со ЕУ и усвоија заедничка програма која се однесува на периодот од 1 јули 2020 година до 31 декември 2021 година.

Во документот се вели дека една од точките е дека Советот со високиот претставник на ЕУ ќе работи на “продолжување на процесот на проширување на Западен Балкан”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП