20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија значително го намали ДДВ за некои сектори

Австрија значително го намали ДДВ за некои сектори

Австрија значително ги намали стапките на данок на додадена вредност (ДДВ) за угостителството и културниот сектор.

Државата го стори тоа за да им помогне да ја надминат кризата предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

Собранието вчера го донесе законот, а новата стапка на ДДВ од пет проценти вклучува хотели, ресторани, билети за културни настани и природни паркови, како и за медиумски содржини и уметнички дела.

Стапката на ДДВ во рестораните во моментов изнесува 20 проценти за пијалоци и 10 проценти за храна, додека во културата изнесува 13 проценти.

Намалувањето на стапката на ДДВ е составен дел од пакетот мерки со кој владата се обидува да и помогне на економијата во време на криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП