18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпасот на HTC е здружување со Huawei

Спасот на HTC е здружување со Huawei

htc

Додека „HTC“ продолжува да се бори со финансиските проблеми, еден аналитичар смета дека спојувањето на компанијата со „Huawei“ ќе биде излез од кризата.

„HTC“ и неговите фанови имаа голема надеж во моделот „One“ кој требаше да ги промени финансиските „ветрови“. Во текот на првата половина на 2013-та година „HTC“ започна да прави необична маркетинг стратегија во која беа насочени против „Samsung“.

„HTC“ генерално се смета како производител на квалитетни и луксузни телефони. Меѓутоа и покрај успехот на моделот „One“, „HTC“ сепак не го забележа успехот на кој се надеваше.

Аналитичарот Алвин Квок (JP Morgan) смета дека „HTC“ би требало да размисли за здружување со „Huawei“, поради тоа што во целост би можеле да го променат пазарот.

„HTC“ во сојузот би ги подмириле барањата за луксузните телефони, што им недостига на „Huawei“.

Во меѓувреме кинеската компанија успеа да се позицира на домашниот пазар и има пристап до финанси кои би можеле да му помогнат на „HTC“.

Со повеќе финансиски извори „HTC“ би можел успешно да се бори со намалувањето на цените на уредите на другите производители на подолг временски период.

„HTC“ на почетокот на 2013-та година беше тринаесети најголем производител на мобилни телефони со помалку од 2 проценти присуство на пазарот, додека „Huawei“ беше шести со 3 проценти од пазарот.

Со здружувањето, новата компанија би била четврта најголема во светот пред „LG“ и „ZTE“.

Од „HTC“ и „Huawei“ во тој случај единствено подобри би биле „Apple“, „Samsung“ и „Nokia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП