3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Извозниците и натаму страдаат поради намалени нарачки

Кина: Извозниците и натаму страдаат поради намалени нарачки

Во јуни, економската активност на кинеските фабрики се зголемила во однос на мај, но многу извозници продолжуваат да страдаат поради намалени или откажани нарачки од странство, покажало истражувањето на приватните претприемачи објавено во средата.

Домашните потрошувачи и понатаму остануваат претпазливи поради губење на многу работни места и поради новото жариште на епидемијата од коронавирус кој неодамна се појави во Пекинг.

Во првиот квартал, Кина забележала пад на БДП од 6,8 проценти, а најтешко погодени биле малите и средни претпријатија. Поради неизвесната иднина, на фабричките работници веќе шести месец по ред им се намалени платите.

За кинеската влада приоритет е спречување на масовна невработеност, и поради тоа си поставилецел оваа година да отвори девет милиони работни места во урбаните средини.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП