19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го прекина увозот на свинско месо од Холандија

Кина го прекина увозот на свинско месо од Холандија

Кина го стопираше увозот на свинско месо од Холандија поради избувнување на вирусот COVID-19 во некои од најголемите холандски кланици.

Тоа го изјавила денеска портпаролката на холандската влада, Елис ван ден Бош.

Кина воведе забрана за месо од четирите најголеми кланици во неделата, без посебна причина, но се претпоставува дека поради работниците кои се заболеле од вирусот COVID-19, изјави таа, пренесува Reuters.

„Јасно е, Кина го бара изворот на вториот бран на инфекција од COVID-19, што може да биде преку увезено месо. Меѓутоа, нема конкретни докази за можен пренос преку храна или материјали за пакување“, изјави Ван ден Бош.

Како што изјави таа, холандската влада ќе одговори на барањето на Кина да изврши понатамошен преглед на кланиците.

„Во другите европски земји, ова е направено преку видео камери. Ние ќе одговориме на ова барање“, изјави Ван ден Бош.

Во кланиците во Холандија, но и низ цела Европа, работат претежно мигранти кои се држат близу едни до други и честопати делат стиснати станбени објекти, што доведе до ширење на вирусот во последните месеци.

Холандија извезува големи количини свинско месо во Кина, а само минатата година извезла 299.000 тони месо во вредност од 335 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП