25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија ги забрани TikTok, WeChat и над 50 други кинески апликации

Индија ги забрани TikTok, WeChat и над 50 други кинески апликации

Владата на Индија забрани 59 апликации кои потекнуваат од Кина, вклучувајќи ја и TikTok апликацијата за објави на кратки клипови и популарната WeChat за разменување на пораки. Според индиските власти, овие апликации претставуваат опасност за таа земја.

Во моментов владеат тензии во дипломатските односи помеѓу Индија и Кина. Бидејќи Индија нема ресурси да и се спротивстави на Кина воено и економски, оваа земја одлучи на конфликтите дигитално да одговори. Според New York Times, кинеските компании од секторите телекомуникации и социјални мрежи веќе долго време го таргетираат пазарот во Индија, кој има голем потенцијал. Индија претставува огромен пазар за компаниите од мобилниот сектор.

Индискиот министер за информатичка технологија посочува дека се забележани забелешки од различни извори за апликациите кои сега се забранети, а кои наводно крадат и пренесуваат податоци на корисниците на неовластен начин, за што е потребно воведување вонредни мерки.

TikTok има околу 120 милиони корисници во Индија, а сугерира дека ова сочинува дури третина од вкупната корисничка база на апликацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП