2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната малку зајакна во јуни

Инфлацијата во еврозоната малку зајакна во јуни

Инфлацијата во еврозоната благo зајакна во јуни, како одраз на континуиран силен раст на цените на храната и поблаг пад на цените на енергенсите паралелно со постапката за укинување на мерките за заштита од пандемијата од коронавирус, покажаа во вторникот проценките на Eurostat.

Годишната стапка на инфлација измерена со усогласениот индекс на потрошувачки цени (HICP) пораснал во јуни на 0,3 проценти, од 0,1 проценти во мај, пресметале европските статистичари.

Европскиот завод за статистика потсетува дека во јуни постепено се укинати голем број на мерки со кои владите настојувале да ја сузбијат пандемијата од коронавирус, особено во секторот патување.

Најмногу во месецот пораснале цените за свежа храна, за 5,9 проценти во однос на минатиот јуни. Нивниот раст е сè уште малку побавен отколку во мај, кога скокнале за 6,7 проценти.

Најмногу паднале цените на енергенсите, за 9,4 проценти во однос на минатиот јуни. Во мај скокнале скоро 12 проценти.

Кога ќе се исклучат флуктуациите на цените на енергенсите, храната, алкохолните пијалоци и тутунот, инфлацијата во еврозоната малку ослабела, на 0,8 проценти. Во мај изнесувала 0,8 проценти.

Меѓу членките на еврозоната, најмногу лецените во Словачка и Холандија, за 1,9 односно 1,7 проценти. Најмногу паднале на Кипар и во Грција, за 2,5 односно 1,7 проценти во однос на минатиот јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП