Германскиот берзански оператор, “Deutsche borse”, објави вчера дека разгледува ревизија на правилата за котирање на акции на главната листа.
Според Reuters, “Deutsche borse” ги преиспитува правилата за членство во индексната корпа на најликвидните акции на DAX, во светло на сметководствениот скандал на Wirecard, поранешната ѕвезда на германскиот ИТ сектор.
„Довербата во пазарот на капитал во последните денови очигледно страдаше“, се вели во соопштението на “Deutsche borse”.