Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,902.73 -0.05%    BESK 5,700.00 -8.06%    FERS 59,500.00 0%    GRNT 957.00 2.9%    KJUBI 1,261.00 -9.93%    KMB 5,991.11 0.74%    KPSS 321.00 -62.24%    OHB 4,501.00 0%    OKTA 3,153.00 0%    PKB 14,399.00 0%    POPK 16.00 -23.81%    RZLE 12.00 -7.69%    SBT 2,401.00 -7.3%    STB 1,055.00 -1.93%    

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Време: 11:37

Датум: јуни 30, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Кој може да учествува?

Право за учество на Конкурсот имаат државјаните на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество на Конкурсот.

Што треба да содржи трудот со којшто се конкурира?

Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празните места (без фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, апстрактот, библиографијата, анексите) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, коешто ги содржи следниве основни делови:

  • апстракт, како и назначување на областа на истражување според стандардната класификација (Journal of Economic Literature – JEL);
  • осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува;
  • опис на методите на истражување коишто се користат во трудот;
  • анализа;
  • заклучни согледувања и
  • библиографија.

Дали може да се конкурира и со труд којшто веќе бил објавен?

Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд коишто веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2019 година. При поднесувањето труд којшто веќе бил објавен, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Како и каде се поднесуваат трудовите?

Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“, по електронски пат, во формат „word“, на е-адресата: [email protected]. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Трудовите се поднесуваат на македонски или на англиски јазик.

Еден автор има право да поднесе само еден труд.

Кој го врши изборот на најдобар труд?

Изборот на најдобар труд го врши Одборот за оценување, којшто се состои од тројца членови, од кои најмалку еден е лице кое не е вработено во Народната банка.

Гувернерот на Народната банка ги назначува претседателот и членовите на Одборот за оценување, со решение коешто ќе се објави на интернет-страницата на Народната банка. Одборот за оценување го врши изборот на најдобар труд анонимно, без притоа да поседува информации за имињата на авторите и нивни биографии.

Според кои критериуми ќе се вреднуваат трудовите?

  • Релевантност на истражуваното подрачје за македонскиот случај;
  • Соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје;
  • Јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето;
  • Соодветност на описот на контекстот и информациите (соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Република Северна Македонија);
  • Соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап;
  • Конзистентност и логичност на тезите во трудот;
  • Заклучоци и препораки и нивна соодветност.

Кој е крајниот рок за доставување на трудовите?

Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2021 година.

Од што се состои Годишната награда?

Наградата е во парична форма, којашто за првонаградениот труд изнесува 100.000 денари, додека втората награда изнесува 50 000 денари.

Каде е објавен конкурсот?

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка на следнава врска:

http://nbrm.mk/ns-newsarticle-konkurs-za-dodeluvane-godisna-nagrada-na-narodnata-banka-na-republika-severna-makedonija-za-2021-godina.nspx

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Партиите ветуваат дека ќе тече „мед  и млеко“ – но може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

    Партиите ветуваат дека ќе тече „мед и млеко“ – но може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

    Пораст на минималната и просечната плата, раст на пензиите, намалување на даноци, инфраструктура тешка милијарди евра… Политичките партии во предизвборните програми веетуваат дека и покрај…

  • Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија, надалеку позната како бастион на дискретното, сигурно банкарство, наскоро ќе им понуди на богатите во светот уште еден избор за чувување на вреден имот:…

  • Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и…

  • Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со…

  • Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до…

  • Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Високи претставници од ЕУ и САД ја осудија одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија. „Одлуката на турскиот Државен совет да поништи…

  • Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Вредноста на имотот на Илон Маск во петокот го надмина имотот на Ворен Бафет, со што извршниот директор на Tesla стана седми најбогат човек во…

  • Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

    Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на…

  • Скратени работни часови, повеќе месеци породилно отсуство – синдикалците со низа барања до идната влада!

    Скратени работни часови, повеќе месеци породилно отсуство – синдикалците со низа барања до идната влада!

    Пред одржувањето на парламентарните избори и формирањето на новата влада, синдикалците подготвија барања и укажувања до новите власти. Од Сојузот на синдикати на Македонија тврдат…

  • EBRD сака да стане мнозински зелена банка

    EBRD сака да стане мнозински зелена банка

    Европската банка за обнова и развој (EBRD) планира во следните пет години да насочи повеќе од половина од инвестициите во зелена економија за поддршка на…