Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,902.73 -0.05%    BESK 5,700.00 -8.06%    FERS 59,500.00 0%    GRNT 957.00 2.9%    KJUBI 1,261.00 -9.93%    KMB 5,991.11 0.74%    KPSS 321.00 -62.24%    OHB 4,501.00 0%    OKTA 3,153.00 0%    PKB 14,399.00 0%    POPK 16.00 -23.81%    RZLE 12.00 -7.69%    SBT 2,401.00 -7.3%    STB 1,055.00 -1.93%    

Како да заштедите енергија и пари во куќа или стан

Време: 10:25

Датум: јуни 30, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Домаќинствата во Западен Балкан трошат приближно три пати повеќе енергија од европските земји што претставува товар за семејниот буџет. Различни иницијативи се обидуваат да создадат свесност за ова прашање и да ги променат навиките на луѓето.

Во просек, домаќинствата трошат речиси 50% од нивните годишни трошоци за енергија на греење и ладење. Инвестирањето во енергетски ефикасни производи во куќа или во стан (изолација, прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори / сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи, осветлување, вентилација, климатизација, акумулационен бојлер за топла вода ја намалува непотребната потрошувачка на енергија. На овој начин, домаќинствата имаат директна финансиска заштеда. Покрај заштедата на енергија и пари, енергетско ефикасните производите го подобруваат животниот стандард на луѓето и ги намалуваат емисиите на стакленички гасови, како што е СО2.

На пример, доколку земеме неизолирана куќа со стари прозори која има површина од 100 м2, а куќата се грее на електрична енергија, и направиме инвестиција во топлинска изолација на надворешните ѕидови со 10cm и изолација на кровот со 20cm, а притоа ги замениме старите прозори со енергетско ефикасни, тогаш можеме да направиме финансики заштеди при греењето до 1000 ЕУР на годишно ниво. Доколку неизолираната куќа се грее на котел на пелети, и ја направиме истата инвестиција во топлинска изолација и замена на прозори, заштедата на годишно ниво би изнесувала околу 700 ЕУР (земено дека 1 тон пелет = 200 ЕУР)

Домаќинствата во Западен Балкан трошат приближно три пати повеќе енергија од европските земји што претставува товар за семејниот буџет. Различни иницијативи се обидуваат да создадат свесност за ова прашање и да ги променат навиките на луѓето.

Во последниве години, домаќинствата на Западен Балкан инвестираат сè повеќе и повеќе во енергетски ефикасни производи, со цел да заштедат енергија и пари, но и да го намалат загадувањето на воздухот. Една од програмите што ги поддржува домаќинствата во овие напори е Програмата на ЕБОР  – WB GEFF. Според податоците на Програмата на GEFF, во изминатите 3 години над 4000 семејства од Западен Балкан, од кои над 1.200 семејства се од нашата земја, ја подобриле енергетската ефикасност на своите домови или станови преку Програмата GEFF. Нашите граѓаните најчесто инвестираат во енергетски ефикасни прозори и врати, котли на биомаса и топлинските пумпи. Вкупната инвестиција е над 8 милиони евра.

За да се намали прекумерната потрошувачка на енергија во куќа или стан, треба да започнете од основите. Ова значи намалување на загубите на топлина со изолација на ѕидови и покриви, како и инсталирање на енергетски ефикасни прозори и врати. После тоа, треба да одберете ефикасен систем за греење. Во наши услови, топлинските пумпи се покажаа како многу добар избор, особено во комбинација со подно греење и/или вентилоконвектори.

До сега, Програмата на ЕBRD WB GEFF придонесе намалување на потрошувачката на енергија за 18,000 MWh / годишно и намалување на емисиите на CO2 за 6.300 тони годишно што значи скоро 4.000 автомобили отстранети од улица.

За да можете отприлика да ги пресметувате заштедите како резултат на инвестирање во енергетски ефикасни технологии, Програмата GEFF има развиено онлајн Калкулатор за заштеда на енергија. Домаќинствата сега можат лесно да ги пресметат заштедите кои можат да ги постигнат со инсталирање на различни технологии, во зависност од тоа кој извор на енергија користат. Тие исто така можат да добијат информации за тоа како нивните активности влијаат врз емисиите на стакленички гасови.

GEFF Програмата исто така овозможува и онлајн каталог на енергетски ефикасни производи – Селектор на технологија, место кое ги обединува сите достапни производи кои се најмалку 20% над стандардните. Сите производи се проверуваат и одобруваат од независни инженери ангажирани од ЕБОР. Програмата е уште попривлечна бидејќи вклучува грант до 20% од Европската Унија. Над 4.000 енергетско ефикасни производи се регистрирани и инвестициите одат директно кај локалните трговци за да се зајакне економијата.

Програмaта за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој, во Западен Балкан обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата.

GEFF во Западен Балкан се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), финансирана од Европската Унија, и реализирана во соработка со Секретаријатот на енергетската заедница. Програмата за техничка соработка во рамките на Фондот е поддржана од Австриското Сојузно Министерство за Финансии и Инвестиционата Рамка на Западен Балкан. Партнерството со донаторите е од суштинско значење за промовирање на зелените технологии и практики со високи перформанси.

GEFF финансирањето се спроведува преку локалните банки: Охридска Банка, Шпаркасе Банка Македонија и ПроКредит Банк.

За повеќе информации, посетете ја Facebook страницата на GEFF in North Macedonia која нуди бесплатни совети за енергетски ефикасни производи и брендови кои ги исполнуваат условите.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Партиите ветуваат дека ќе тече „мед  и млеко“ – но може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

    Партиите ветуваат дека ќе тече „мед и млеко“ – но може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

    Пораст на минималната и просечната плата, раст на пензиите, намалување на даноци, инфраструктура тешка милијарди евра… Политичките партии во предизвборните програми веетуваат дека и покрај…

  • Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија, надалеку позната како бастион на дискретното, сигурно банкарство, наскоро ќе им понуди на богатите во светот уште еден избор за чувување на вреден имот:…

  • Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и…

  • Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со…

  • Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до…

  • Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Високи претставници од ЕУ и САД ја осудија одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија. „Одлуката на турскиот Државен совет да поништи…

  • Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Вредноста на имотот на Илон Маск во петокот го надмина имотот на Ворен Бафет, со што извршниот директор на Tesla стана седми најбогат човек во…

  • Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

    Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на…

  • Скратени работни часови, повеќе месеци породилно отсуство – синдикалците со низа барања до идната влада!

    Скратени работни часови, повеќе месеци породилно отсуство – синдикалците со низа барања до идната влада!

    Пред одржувањето на парламентарните избори и формирањето на новата влада, синдикалците подготвија барања и укажувања до новите власти. Од Сојузот на синдикати на Македонија тврдат…

  • EBRD сака да стане мнозински зелена банка

    EBRD сака да стане мнозински зелена банка

    Европската банка за обнова и развој (EBRD) планира во следните пет години да насочи повеќе од половина од инвестициите во зелена економија за поддршка на…