20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Европската унија вчера ги продолжи економските санкции кон Русија за шест месеци затоа што не ги исполнила своите обврски од мировниот договор со Украина.

Санкциите се однесуваат на рускиот финансиски, енергетски и одбранбен сектор на Русија, како и стоката која може да се користи  во цивилни и воени цели.

Санкциите беа воведени во Русија во 2014 година, по анексијата на украинскиот полуостров Крим, и се поврзани со почитувањето на мировниот договор од Минск во 2015 година.

„Со оглед на тоа што сè уште не е постигнато целосното спроведување на договорот, лидерите на ЕУ донесоа политичка одлука за продолжување на економските санкции против Русија“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Санкциите се продолжени до 31 јануари. Овие мерки го ограничуваат пристапот на руските банки и компании до пазарите на капитал во ЕУ, го забрануваат целиот увоз, извоз или трансфер на одбранбена опрема и го ограничуваат пристапот на Русија до некоја “чувствителна” технологија која се користи во производството на нафта.

Повеќе од 14.000 луѓе загинаа во судирот меѓу украинската армија и сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП