29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрка за 5G: Започна државната аукција на фреквенции, почетна цена 900 милиони...

Трка за 5G: Започна државната аукција на фреквенции, почетна цена 900 милиони евра

Првата државна аукција на 5G опсегот ќе започне во понеделник, а почетната цена ќе изнесува 900 милиони евра (една милијарда долари), пренесува Reuters.

Според британската агенција, учесници на аукцијата ќе бидат операторите KPN, Vodafon и T-Mobile.

Холандската влада продава фреквенциски опсези од 700, 1.400 и 2.100 мегахерци.

Учесниците на аукцијата ќе доставуват апликации за време на серијата на дневни “рунди” кој ќе ги утврди организаторот на аукцијата.

Аукцијата мора да заврши до 1 август, но веројатно е дека ќе се случи порано, пишува Reuters.

На ниту една компанија нема да и биде дозволено да земе повеќе од 40 проценти од достапниот проток во секој од фреквенциските опсези.

Воведувањето на 5G во Холандија заостанува зад другите европски земји, иако Vodafon во април објави дека започнува да обезбедува 5G услуги преку својата 4G мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП