4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Истанбул е поголем отколку во осумте балкански земји заедно

БДП на Истанбул е поголем отколку во осумте балкански земји заедно

Сонер Чагаптај, директор на турската истражувачка програма во институтот за политика на блискиот исток во Вашингтон, објави на Twitter дека бруто домашниот производ на Истанбул е поголем од оној во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора заедно.

Најголемиот турски град има БДП од 256 милијарди долари, а осумте балкански земји заедно имаат 253 милијарди долари.

Според Светската банка, БДП на Турција минатата година изнесувал 740 милијарди долари, а за илустрација, БДП на БиХ во 2018 година изнесувал 20,2 милијарди американски долари.

Истанбул има 15,5 милиони население, а наведените осум земји заедно 28,6 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП