20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФаучи: Америка има сериозен проблем

Фаучи: Америка има сериозен проблем

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека Америка има сериозен проблем бидејќи 16 сојузни држави се соочуваат со голем раст на бројот на заразени со коронавирус.

Фаучи посочи дека само со заеднички сили можат да се борат со пандемијата.

За време на денешната прес-конференција, стручниот тим побарал да се тестираат и таканаречените миленијалци, иако тие се асимптоматични на вирусот корона.

Според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, вчера во САД биле заразени 40.173 лица, што го надминало рекордот од претходниот ден.

Повеќе од 2,4 милиони луѓе се заразени во Америка, а повеќе од 125.000 починале, што е најмногу во светот.

Американските држави Тексас, Флорида и Аризона ги паузирале плановите за ублажување на мерките заради зголемување на бројот на заразени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП