28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИталијански научници: Комарците не пренесуваат корона

Италијански научници: Комарците не пренесуваат корона

Новата научна студија на италијанскиот национален здравствен институт ISS покажува дека комарците не се во состојба да го пренесат коронавирусот на луѓето, објави институтот во четвртокот.

Светската здравствена организација веќе кажа дека нема докази дека вирусот може да се пренесе преку инсекти кои цицаат крв, кои шират денга и други болести кога ги каснат луѓето.

Но, неодамнешната студија, објавена во соработка со организацијата за истражување на здравјето на животните и безбедноста на храната, открила дека ниту тигрестите комарци, ниту обичните комарци не можат да пренесат SARS-CoV-2.

„Истражувањата покажаа дека вирусот, еднаш даден на комарец преку оброк на заразена крв, не бил способен да се реплицира“, се вели во соопштението на ISS, а кое исклучува пренос на COVID-19 преку каснувања од комарци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП