28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEBRD и UNWTO се подготвени да помогнат во обновувањето на туризмот

EBRD и UNWTO се подготвени да помогнат во обновувањето на туризмот

Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Светската организација за туризам (UNWTO) се согласија да преземат итни активности за да го олеснат обновувањето на туризмот среде пандемијата од коронавирус.

„Во моментов се планира поддршка за голем број земји, вклучувајќи ги Албанија, Ерменија, Хрватска, Египет, Грузија, Грција, Јордан, Либан, Мароко, Тунис, Турција и Узбекистан“, се вели во соопштението на EBRD.

Тие изјавија дека брзото ширење на коронавирусот има силно влијание врз многу сектори на светската економија, а туризмот е еден од најтешко погодените.

„EBRD и UNWTO ги здружуваат силите за да го охрабрат закрепнувањето на туристичкиот сектор во 38 економии во кои банката ќе инвестира, се додава во соопштението.

Според анализата на UNWTO, сите светски дестинации воведоа ограничувања за патувања како одговор на COVID-19. Додека некои дестинации почнуваат да ги ублажуваат мерките, кризата е далеку од крајот, а застојот доведе до голем пад на меѓународните пристигнувања на туристи.

Можниот одговор е осмислен во рамки на три столба на пакетот на UNWTO за техничка помош за обнова на туризмот.

Toa вклучувa мерење на влијанието на COVID-19, планови за опоравување со поткрепа за оживување на туристичкиот сектор, протоколи за обезбедување зголемена безбедност, хигиена и безбедност на туристите и вработените, маркетинг мерки кои можат да ја зголемат побарувачката за туризам.

EBRD сите свои активности оваа година и следната ги фокусираше на помагање на своите региони во борбата против економското влијание на пандемијата од коронавирусот, а се очекува инвестициите да достигнат и до 21 милијарди евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП