24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо коронавирусот, Италија ја нападнаа скакулци

По коронавирусот, Италија ја нападнаа скакулци

Роеви скакулци нападнаа илјадници хектари пасишта и обработливо земјиште во Сардинија, што дополнително ги погоди земјоделците кои веќе се борат со пандемија на коронавирус, соопштија земјоделските групи.

Бројот на скакулци се зголеми со зголемувањето на температурата, при што уништија околу 15.000 хектари пасишта во централната провинција Нуро, изјави Микеле Арбау, од сардиниската подружница на италијанското земјоделско здружение Колдирети.

„Земјоделците изгубија летни пасишта и делумно трева за есен и зима … и малкумина од луѓето кои одгледуваа јачмен мораа да се откажат од тоа“, рече Арбау.

Во текот на летните месеци, скакулците се честа појава на медитеранскиот остров Сардинија – познат по идиличните плажи и ексклузивните одморалишта – но инвазијата оваа година е многу поголема од нормалната.

Зголемувањето на температурите може да предизвика подолги периоди на суша, поради што почвата станува сува и неплодна, а тоа се идеални услови за инсекти кои сакаат да положат јајца во сува, необработена почва, рече Игнацио Флориза, професор по ентомологија на Универзитетот Сасари во северозападна Сардинија.

Инвазијата на скакулци е само уште еден од италијанските проблеми.

Земјата беше првата која беше сериозно погодена од коронавирус во Европа и сè уште закрепнува од пандемијата во која починаа над 34.000 луѓе – четврта највисока стапка на смртност во светот – и зарази речиси 240.000 луѓе.

За време на карантинот воведен низ целата земја во март и април, италијанските земјоделци мораа да се справат со недостигот на земјоделски работници и ладното време што уништи големи количини овошје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП