4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомпео: САД и ЕУ мораат заедно да се спротивстават на Кина

Помпео: САД и ЕУ мораат заедно да се спротивстават на Кина

На САД и Европската унија им треба заедничко разбирање за да се спротивстават на Кина, изјави во четвртокот американскиот државен секретар Мајк Помпео, нарекувајќи ја Кина закана и обвинувајќи ја за кражба на европската интелектуална сопственост за развој на нејзината економија.

Помпео изјави дека го прифатил предлогот на шефот на европската дипломатија, Џозеп Борел, кој овој месец предложи креирање на официјален американско-европски дијалог за Кина. Помпео наскоро ќе отпатува за Европа, каде ќе ја организира првата сесија.

„На дело е трансатлантско будење на вистината за тоа што се случило“, изјави Помпео во видео обраќањето.

„Не станува збор за САД кои се спротивставуваат на Кина, туку за светот кој се спротивставува на Кина“, изјави тој.

Брисел, како и Вашингтон е загрижен поради кинеските предаторски трговски практики, но ЕУ се обидува да оди по средниот пат помеѓу Кина и САД.

Претставниците на ЕУ, најголемиот светски трговски блок, во понеделникот разговарале со кинеското раководство и на Пекинг гледа како партнер во борбата против климатските промени и како економски соперник.

Помпео вели дека ЕУ треба да дејствува против Кина, која ја обвини за кражба на европска интелектуална сопственост и кршење на правилата за тргување, за заштита на економиите на европските земји, а не за да ги задоволи САД.

„Тие имаат пристап до нашите пазари на капитал каков што ние немаме кај нив“, изјави Помпео.

Помпео изјави дека како дел од американско-европскиот дијалог ќе бидат споделени информациите за Кина.

Изјави дека се надева, иако ќе има различни мислења во одборот, тој формат да биде „катализатор за дејствување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП