26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на невработени во САД расте за 1,5 милиони неделно

Бројот на невработени во САД расте за 1,5 милиони неделно

Бројот на невработени во САД се зголеми за скоро 1,5 милиони минатата недела, што сигнализира стагнација во закрепнувањето на пазарот на трудот паралелно со честите случаи на зараза со коронавирус.

Вкупно 1,48 милиони американци минатата недела поднеле барање за надокнада за невработеност, со што нивниот број трета недела по ред се држи близу 1,5 милиони.

Министерството за труд, исто така малку ги ревидираше податоците за претходната недела, кои сега покажуваат дека надокнада побарале 1,54 милиони граѓани, 40 илјади повеќе отколку што првично процениле.

Бројките се така трета недела по ред, се држат околу 1,5 милиони, што е далеку помалку во однос на врвот на кризата со коронакризата кон средината на март, кога повеќе од шест милиони Американци побараа надокнада. Сепак, тие сигнализираат застој во закрепнувањето на пазарот на трудот.

Коронавирусот предизвика големи нарушувања во економијата, принудувајќи ги надлежните органи да ги прекинат економските активности и да го ограничат движењето на граѓаните со цел да го ограничат неговото ширење.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП