27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите Австријци изгубиле 15 милијарди евра поради короната

Најбогатите Австријци изгубиле 15 милијарди евра поради короната

Кризата поради коронавирусот тешко ги погоди и најбогатите Австријци, кои изгубиле милијарди евра.

Австрија моментално има 41 милијардер, а последиците од кризата врз курсот на акциите и дивидендите влијаат врз нивното богатство.

Во годишната споредба, нивните средства се намалиле за девет проценти, односно 15 милијарди, на 155 милијарди евра.

Меѓутоа, најбогатите Австријци не мора да се грижат.

Овогодинешната листа на 100 најбогати Австријци ја предводат семејствата Porsche и PIH, чии средства се проценуваат на 34,8 милијарди евра.

Во однос на минатата година, изгубиле 2,2 милијарди евра.

Основачот на Red Bull се наоѓа веднаш зад нив со средства од 14,7 милијарди евра, а тој претрпе и загуба од околу милијарда евра.

Слични загуби претрпеле сите оние кои се меѓу 100-те најбогати Австријци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП