26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ќе воспостави воздушни мостови со европски дестинации

Британија ќе воспостави воздушни мостови со европски дестинации

Велика Британија ќе воспостави „воздушни мостови“ кои ќе овозможат патување без карантин кон попопуларните европски одморалишта, пишуваат британските медиуми.

Италија, Шпанија, Германија, Австрија, Турција, Грција, Франција, Белгија, Холандија, Португалија, Гибралтар и Бермуди би требало да бидат на списокот на земји со кои ќе се воспостават „воздушни мостови“, кои ќе бидат објавени во понеделник, пишува The Daily Telegraph и другите медиуми.

Консултантот за туризам Пол Чарлс, кој ја водел кампањата против одлуката на владата да воведе задолжителен 14-дневен карантин за повеќето патници кои доаѓаат во Британија по 8 јуни, изјави дека очекува поблиските дестинации да доминираат во списокот на исклучоци. Очекува тоа да бидат Франција, Италија, Шпанија, Белгија, Ирска, Холандија, Грција и Гибралтар.

„Подолгите дестинации подоцна, можеби во септември, а САД и Латинска Америка веројатно во ноември“, објави на Твитер.

Велика Британија пријави 43.000 смртни случаи поврзани со заразата од новиот коронавирус, што предизвикува респираторна болест COVID-19. Тоа е најмногу во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП