
Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат веќе од утре – петок, 26 јуни 2020 година


Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат веќе од утре – петок, 26 јуни 2020 година
Македонската банкарска асоцијација(МБА) ја известува јавноста дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на јунските пензии.
Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе од утре – петок, 26 јуни 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.
Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, како што е соопштено и овојпат ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:
“Ги молиме клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите. Сите банки преземаат активности за при готовинската исплата на пензиите да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето. Потсетуваме дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките и препораките”, се вели во соопштението на МБА.