20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија издаде 100-годишна обврзница

Австрија издаде 100-годишна обврзница

Австрија во средата издаде обврзница со рок на достасување од 100 години, која наиде на голем интерес од инвеститорите.

Со овој потег владата сака да добие две милијарди евра, со купонска камата од само 0,85 проценти и рок на достасување до 2120 година.

Австриската влада првпат издаде 100-годишна обврзница во 2017 година, но со значително повисока купонска камата од 2,1 отсто.

Вкупната вредност на собраните понуди за ново издадената обврзница изнесуваше дури 17,7 милијарди евра, според тврдењата на управителот кој го договорил издавањето.

Австрија е единствената земја во Европа која јавно продава обврзници со толку долг рок на достасување. Земјите како Белгија и Ирска исто така ги издадоа, но со помали номинални суми, ставајќи ги во затворен круг инвеститорите.

Рокот на достасување е најдолг во Европа од првото тримесечје на оваа година, кога пазарите беа потресени од пандемијата од коронавирусот. Само Израел, во меѓувреме, издаде обврзница со толку долг рок на доспејување, посочува Reuters.

„Тоа јасно покажува дека пазарот се нормализирал и се опоравил од кризата затоа што пред два месеци (владата) не можеше да продаде обврзница од таа вредност“, објаснува Мајкл Лестер од германската Commerzbank.

Обврзниците со долг рок на достасување, како австриските, се најчувствителни на растот на каматните стапки, но тоа значи дека тие најмногу ќе имаат корист од нивното намалување, објаснува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП