28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Најлошиот дел од кризата помина

Лагард: Најлошиот дел од кризата помина

Christine Lagarde

Директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, ги пофали земјите од источна Европа поради храброста во решавањето на економската криза. Таа наведе дека најлошото поминало.

„Пет години по избувнувањето на кризата, може да кажеме дека најлошото помина и дека повеќето земји го обновија растот”. Очекуваме дека само две земји во овој регион ќе останат во рецесија, а тоа се Хрватска и Словенија, во споредба со осум минатата година”, изјави Лагард во нејзиниот говор пред романските банкари и новинари.

Просечниот раст во земјите од источна Европа во првиот квартал од годинава бил позитивен, додека  најголем раст е забележан во Летонија 1,4 проценти и Литванија со 1,3 проценти.

Во меѓувреме, економијата на цела Европска унија е намалена за 0,1 проценти.

ММФ на почетокот на овој месец ги намали своите прогнози за глобалниот економски раст, наведувајќи ги како причина новите ризици на клучните пазари во развој и подлабоката рецесија во еврозоната. Според најновите проценки на ММФ, глобалната економија ќе се зголеми за 3,1 проценти во 2013 година, што е пониско од прогнозите во април од 3,3 проценти.

Лагарад ги повика земјите од источна Европа да ги продолжат своите политики за макроекономска стабилност, меѓутоа и рамноправно да го поделат нивниот товар за прилагодување и поттикнување на растот поради целосно остварување на напредок.

„Она што се случи во овој дел од светот ги одредува стандардите за она што може да се стори и во другите делови од светот, во смисла на премин кон пазарната економија”, изјави Лагард.

Таа, сепак, нагласи дека нефлексибилниот пазар на труд, неефикасната администрација и недовршениот процес на транзиција, претставуваат „сопнувачки камен“ кој мора да биде отстранет, доколку регионот сака да ги прекине ограничувањата за доброто на динамичниот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП