28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛиста на држави најдобри за жени

Листа на држави најдобри за жени

Во новиот извештај кој неодамна го објави списанието Ceoworld, голем светски бизнис магазин, Шведска е рангирана како најдобра земја во светот за жени.

На второто и третото место се наоѓаат Данска и Холандија, а осум од првите десет земји најдобри за живот за жени се европските земји.

На последните места се наоѓаат африканските земји, како што се Централноафриканската Република, Сомалија, Чад и др.

Иако постои универзална шема на дискриминација врз жените, количината и интензитетот се разликуваат од земја до земја.

Регионалните, расните и социо-економските фактори играат клучна улога во утврдувањето на објективизацијата на женското тело и родовата еднаквост.

Врз основа на истражувањето на скоро 256.700 жени ширум светот, магазинот Ceoworld го објави своето годишно рангирање на најдобрите држави за жени.

Да се ​​направи листата на земји кои се најдобри за живот на жените, 156 држави добија оценки преку 9 карактеристики: родова еднаквост, процент на законодавниот мандат на жените, чувство на сигурност (жени постари од 15 години одговориле на прашањето дали се чувствуваат безбедно додека одат сами на улица), еднаквост на приходите, грижи за човекови права, оспособување на жените, просечен период на едукација на жените, жени постари од 25 години кои се платени за својата работа и вклучување на жените во општеството.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП