29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААјфеловата кула отворена по три месеци, до врвот се стигнува само по...

Ајфеловата кула отворена по три месеци, до врвот се стигнува само по скали

Ајфеловата кула повторно е отворена за посетителите денес, откако пандемијата го принуди париската знаменитост да се затвори во најдолгиот период од Втората светска војна.

Воспоставени се строги хигиенски и безбедносни мерки , а бројот на посетители е ограничен.

Посетителите на кулата висока 324 метри можат да се искачат по скалите до почетокот на јули, бидејќи лифтовите не се користат од безбедносни причини.

 

Не им е дозволено да се искачуваат над второто ниво на кулата, а секој на возраст над 11 години мора да носи маска.

Управителите се надеваат дека посетите ќе се вратат на старо подоцна во текот на летото.

Ајфеловата кула, завршена во 1889 година, ја посетуваат околу седум милиони луѓе секоја година, а околу три четвртини од нив доаѓаат од странство, според веб-страницата на знаменитоста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП