21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs двојно го зголеми профитот

Goldman Sachs двојно го зголеми профитот

goldman1

Профитот на американската инвестициона банка „Goldman Sachs“ во вториот квартал е двојно зголемен во споредба со истиот период минатата година.

Тоа се случи благодарение на големиот скок на приходите во секторите за инвестиционо банкарство и кредитирање.

Во соопштението на „Goldman Sachs“ се наведува дека профитот во вториот квартал е зголемен на 1,9 милијарди долари, што е двојно повеќе во однос на профитот од 927 милиони долари кој беше забележан лани во истиот период и приходот од 6,6 милијарди долари, пренесува Франс прес.

Како што наведува „Goldman Sachs“, заработката по акција достигнала 3,70 долари, што е значително над предвидувањата на аналитичарите од 2,82 долари.

Нето приходите во областа на инвестиционото банкарство и кредитирањето се зголемија на 1,4 милијарди долари од 203 милиони долари кои беа забележани во вториот квартал во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП