27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen Bank заминува од некои земји

Raiffeisen Bank заминува од некои земји

raiff1

Генералниот директор на австриската банка „Raiffeisen“, Карл Севелда, изјави дека наскоро ќе започнат со програмата за намалување на трошоците, во која ќе биде опфатено и затворањето на некои гранки.

Со тоа оваа меѓународна банкарска групација ќе се обиде да оствари троцифрена милионска заштеда, и да го зголеми сопственото ниво на капитал за 1,8 милијарди евра во среден рок.

Севелда, кој во јуни оваа година, по изненадувачката оставка на Херберт Степиќ, стапи на функцијата генерален директор на „Raiffeisen“, порача дека Унгарија и Словенија се меѓу земјите од кои банката ќе се повлече со цел да го намали ризикот.

Директорот на „Raiffeisen“ уште еднаш ја повтори намерата на банката да го намали бројот на филијали на некои „ризични пазари“, а одлуката за повлекување од Словенија датира уште од минатата година.

Од друга страна, според Севелда, во Унгарија постои непрекинат политички притисок на банкарскиот сектор, што е главната причина за повлекувањето на „Raiffeisen“ од оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП