23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на златото близу осумгодишен рекорд

Цените на златото близу осумгодишен рекорд

Цените на златото се зголемија во средата најмногу во скоро осум години, поттикнати од честите нови случаи на зараза со коронавирус ширум светот кои ги намалуваат надежите за брзо закрепнување на економиите.

На физичкиот пазар, цената на унца злато се зголеми за 0,6 проценти, на 1.778,20 долари, што е највисоко ниво од септември 2012 година. На американскиот пазар, цената на златото во фјучерси договори се зголеми за 0,7 проценти, на 1.794,30 долари за унца.

Побарувачката за скапоцениот метал е поттикната од загриженост поради честите нови случаи на зараза со коронавирус. Токио извести за најголем број ново регистрирани случаи на зараза за време на еден ден од 5 мај, а Германија за 712 нови случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП