25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа заминување од земјата размислуваат 71 процент од младите

За заминување од земјата размислуваат 71 процент од младите

Специјалното издание на истражувањето Балкански барометар 2020, посветено за влијанието на вирусот COVID-19, спроведено од Регионалниот совет за соработка (RCC) во мај, дава кратка анализа на јавното мислење и бизнисот, која покажува дека 72 проценти од Западен Балкан сметаат дека пандемијата е голема закана за нивните национални економии.

Од RCC изјавиле дека 68 проценти од граѓаните се многу загрижени за своето или за работното место на членот на своето семејство, додека само една третина се задоволни од мерките кои надлежните ги спроведуваат за зачувување на работните места. Истражувањето покажало дека 60 проценти од деловните субјекти го намалиле обемот на бизнисот поради избувнувањето на пандемијата, додека 21 процент привремено или целосно престанале да работат. Само пет проценти од нив на работниците им дале отказ.

Балканскиот барометар 2020 покажува дека заминувањето на квалификувана работна сила стана главна грижа на граѓаните, затоа што тој процент од нула отсто во 2015 година скокна на сегашните 20 проценти.

Неверојатни 71 проценти од младите во Западен Балкан размислуваат да заминат во странство на работа, се вели во соопштението на RCC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП