До крајот на оваа деценија, Европа би можела да има проблеми со снабдувањето со нафта и деривати, е заклучокот на студијата објавена на францускиот портал Shift Project.
Во студијата, чија содржина ја пренесува Europe Today, предвидува дека производството на нафта би можело да падне побрзо отколку што најголемите европски економии ќе се префрлат на “чиста” енергија, што според списанието е уште една причина земјите на ЕУ да се ориентираат што е можно поскоро на “свет без нафта”.
Студијата повикува на проценки дека вадењето нафта во Русија и земјите од поранешниот Советски сојуз веќе го достигнала својот врв и дека е во опаѓање, а од овие извори доаѓа до околу 40 проценти од нафтата која ја користи европскиот пазар.
Исто така, во блиска иднина се предвидува драстично намалување за нафтата со потекло од Африка, која опфаќа 10 проценти од европскиот пазар, што дополнително ги загрижува медитеранските земји.
Пандемијата од COVID-19 влијаеше и на пазарот на нафта, пишува весникот. За да се намали ризикот од големи последици од пандемијата, главните нафтени компании беа принудени да ги намалат за 25 проценти планираните инвестиции, што во пари изразено е повеќе од 35 милијарди евра.