20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата остави белег и на пазарот за рекламирање

Пандемијата остави белег и на пазарот за рекламирање

Глобалниот пазар на рекламирање оваа година ќе се намали за скоро 12 проценти, поради пандемијата, а целосно закрепнување се очекува дури во 2022 година, покажува извештајот на агенцијата WPP.

Економиите ширум светот се погодени од пандемијата, но пазарот на рекламирање ќе претрпи нешто помалку последици, проценува агенцијата GroupM, дел од медиумскиот гигант WPP.

Најголем пад на бизнисот ќе забележи телевизиското рекламирање, кое со години забавува, и рекламирањето на отворено, како што се билбордите, бидејќи луѓето поминуваат време во затворени простории.

Телевизиското рекламирање би требало да се намали за 17,6 проценти, а рекламирањето на отворено, кога се исклучени политичките реклами, за една четвртина, пресметале во GroupM.

Иако употребата на дигитални реклами ќе падне за 2,3 проценти оваа година, тие сепак ќе сочинуваат 52 проценти од пазарот за рекламирање, во однос на минатогодишните 48 проценти.

Огласувачите инвестираат повеќе во дигитални реклами, бидејќи обично се поевтини од телевизиските, а кампањите се полесни за започнување и откажување.

Закрепнувањето на глобалниот пазар на рекламирање би требало да започне следната година, со проценета стапка на раст од 8,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП