20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските компании гледаат светло на крајот на коронатунелот

Германските компании гледаат светло на крајот на коронатунелот

Очекувањата на деловните лидери во Германија значително се подобрија во јуни, утврди економскиот институт Ifo, известувајќи за најсилното подобрување во деловната клима од кога започнало со спроведување на истражувања.

Ifo индексот за деловна клима во јуни скокна за 6,5 поени во однос на ревидираната вредност во мај, на 86,2 поени.

Скокот на индексот е најголем од повторното обединување на Германија во 1990 година, кога Ifo почна да објавува извештаи.

Малку е подобрена и оценката на деловните лидери за моменталната состојба на работењето, што се одрази и на растот на соодветниот индекс за 2,4 поени, на 81,3 поени.

„Во компаниите нешто подобро го оценуваат актуелното работење, а нивните очекувања (за наредниот период) нагло се зголемија“, константира во соопштението лидерот на Ifo, Клeменс Фуест.

Најмногу се подобриle очекувањата во индустријата, а значително е намален песимизмот во услужниот сектор, чии лидери очекуваат подобрување во работењето во наредните шест месеци.

Опоравувањето се очекува и во секторот на мало и во градежништвото.

„Германските компании гледаат светло на крајот od тунелот“, заклучи Фуест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП