19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ размислува за забрана за влез на државјани од Соединетите Држави

ЕУ размислува за забрана за влез на државјани од Соединетите Држави

ЕУ разгледува целосна забрана за влез на граѓаните на Соединетите Американски Држави, затоа што веруваат дека Вашингтон не го контролирал соодветно ширењето на COVID-19, пренесува Business Insider.

Според списокот што го добил New York Times, на патниците од Русија и Бразил исто така би им било забрането да влегуваат во земјите на ЕУ.

Овој потег на Европската унија би можело да го загрози имиџот на Соединетите држави во светот, и покрај тврдењата на администрацијата на Трамп дека избувнувањето на заразата во САД е под контрола.

САД имаа повеќе од 2,3 милиони случаи на коронавирус и 120.000 смртни случаи, повеќе од која било друга земја.

На почетокот на март, администрацијата на Трамп го забрани патувањето во САД од повеќето европски земји, повикувајќи се на голем број на заразени во Италија, Германија и другите делови на Европа.

Забраните сè уште не се укинати, иако повеќето европски земји биле поуспешни од САД во сузбивање на заразата.

Затворањето на европските граници, во втората половина на март, се однесуваше на посетителите од повеќето земји надвор од блокот, а не конкретно на Американците.

Меѓутоа, новата забрана, за која се очекува да биде објавена пред 1 јули, истакнува неколку држави кои слабо се справиле со пандемијата и забележале пораст на случаи, меѓу кои и Соединетите Американски Држави.

Забраната за Американците би имала значајни последици за ЕУ, со оглед дека милиони американски туристи секоја година ги посетуваат земјите во блокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП