3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобарувањата од даноци во „Македонски шуми“ќе се претворат во траен влог

Побарувањата од даноци во „Македонски шуми“ќе се претворат во траен влог

shumi

Побарувањата на државата по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, камати и обврски во јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе се претворат во траен долг.

Ова се предвидува во Предлог-законот што денеска во прво читање ја доби потребната поддршка од матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Со предложеното законско решение, како што појасни заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини, ќе се обезбеди непречено управување и поголема стабилност на претпријатието. Тој потенцира дека се работи за стар долг на претпријатието и оти по 2009 година тоа работи рентабилно и редовно ги исплаќа платите на вработените.

– Во 2009 година за првпат претпријатието успеа да ги исплати сите тековни обврски по основ на ДДВ, данок на добивка и персонален данок, а платите на вработените оттогаш до денес редовно се исплаќаат. Од 2009 година претпријатието работи исклучиво со сопствени извори на средства без користење на било какви кредитни задолжувања за разлика од периодот на основањето до 2006 година кога имало задолжувања по основ на кредити во износ над 400 милиони денари, истакна Џеладини.

Пратениците од опозицијата гласаа против, затоа што според нив со понуденото законско решение се озаконува недомаќинското работење на јавните претпријатија и никој не сноси одговорност за слабостите на менаџерските тимови.

– Ова што се случува ја покажува слабоста на власта да не најде менаџерски тим којшто ќе знае да управува со македонските шуми. Тие се национално богатство на Република Македонија. Досега не сме виделе некој да понесе одговорност, рече Маријанчо Николов од СДСМ.

Според него, не е фер да му се простуваат долговите на јавното претпријатие од околу 43 милиони евра, а приватните компании да ги плаќаат редовно даноците.

Од парламентарното мнозинство оценија дека нееднаквоста на пазарот е создадена во времето пред 2006 година кога „Македонски шуми“ само по основ на придонеси од ПИОМ направила долгови од 2,6 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП