28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Штип асфалтирана обиколницата кон населбата „Суитлак“

Во Штип асфалтирана обиколницата кон населбата „Суитлак“

stipoaza

Заврши асфалтирањето на обиколницата за штипската викенд населбата Суитлак, проект кој Општина Штип го реализираше со средства од ЈП за државни патишта во висина од 170.000 евра.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција истакна дека патот е со должина од 1.776 метри и има променлива ширина од 5 до 6 метри.

– Оваа обиколница беше завршена во рок од 30 дена, иако беше предвидено да се направи за 45 дена. Значи може, ако се работи како што треба, професионално и напорно, и од страна на мојот тим, како и од страна на изведувачот „Гранит“. Оваа обиколница која беше сон цели три децении, сега е завршена. Дел од локациите ќе бидат претворени во излетнички места, со летниковци, чешми и клупи, бидејќи оваа зона е позната и како пешачка и рекреативна. Веќе видовме дека постојат можности за такво нешто, рече Захариев.

Тој истакна дека наредните денови почнува со реализација на три вакви проекти меѓу кои и асфалт на дел од улицата „Борис Крајгер“ и „Сремски Фронт“ кај училиштето „Димитар Влахов“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП