20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците навалија на купување самостојни домови

Американците навалија на купување самостојни домови

Продажбата на нови самостојни семејни домови во САД во мај скокна над очекувањата.

Тоа наговестува дека пазарот на станбени недвижнини, кој, како и целата економија, замре за време на пандемијата од COVID-19, силно тргнал по нагорна линија.

Американското министерство за трговија соопшти дека продажбата на нови самостојни куќи пораснала во мај за 16,6 проценти на годишно ниво, според сезонски прилагодените податоци, на 676.000 единици, објави Reuters.

Податокот за продажба во април е ревидиран надолу на 580.000 единици во споредба со првично објавениот број од 623.000 единици.

Економистите кои ги анкетирал Reuters предвидувале дека продажбата на нови домови, кој сочинуваат околу 10 проценти од вкупниот обрт на станбениот пазар на недвижнини, ќе се зголеми за 2,9 проценти, на 640.000 единици во мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП