29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Палермо бесплатно ноќевање во повеќе од 50 хотели

Во Палермо бесплатно ноќевање во повеќе од 50 хотели

Туристите кои резервираат четири ноќи во еден од 53-те хотели во сицилијанскиот град Палермо и провинцијата со исто име, a до главниот град на Сицилија стигнуваат со авион, ќе платат три ноќевања, додека едното ќе биде бесплатно со цел промоција на туризмот по излегувањето од блокадата поради пандемијата.

Има се повеќе хотели кои се заинтересирани за иницијатива на локалното здружение на хотелиерите Федералберџи во соработка со менаџментот на аеродромот во Палермо, кој ќе трае во текот на 2020 година, јавуваат сицилијанските медиуми.

Туристите и туристичките агенции кои се заинтересирани можат да ја видат понудата на хотели кои се приклучиле на иницијативата на веб-страницата на аеродромот Палермо (aeroportodipalermo.it) и да се одлучат за хотел, а по пристигнувањето во сместувачкиот капацитет неопходно е да се даде на увид авионскиот билет.

На 3 јуни, Италија по скоро три месеци блокада, ги отвори границите за пристигнувања од земјите на Европската унија и Шенген, а ЕУ може да ги отвори надворешните граници за земјите од Западен Балкан на почетокот на јули, по препорака на Европската комисија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП