2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на Италија исплати 15 милијарди евра помош на работниците

Владата на Италија исплати 15 милијарди евра помош на работниците

Италијанската влада досега исплатила 15 милијарди евра, по разни основи, на 11 милиони работници за да ги ублажи последиците од економската криза.

Бонус од 600 евра добија околу четири милиони самовработени работници, помош добија семејства, поточно еден милион луѓе, во име на трошоците за чување деца, компензација за родителско отсуство, а дел од помошта е распределена на 164 илјади сезонски работници.

Вработените во секторот за забава добија финансиска помош, оние кои работат во туризам, како и семејства за да ги покријат трошоците за грижа за стари лица и за куќни помошнички.

Меѓу оние кои побарале помош од државата се околу 400 илјади лица со ниски приходи, за кои за време на кризата е основан таканаречен „приход во итни случаи“.

Помошта е исплатена и на работниците кои претрпеа штета затоа што нивните работни места беа „замрзнати“ за време на пандемијата.

Само за таа категорија погодени од кризата исплатена е милијарда и 700 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП