3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика воведува царина на алуминиумот од Канада?

Америка воведува царина на алуминиумот од Канада?

Соединетите држави планираат повторно да воведат царина за увозот на алуминиум од Канада, објави агенцијата Bloomberg, наведувајќи како извор луѓе запознаени со ситуацијата.

Доколку Канада одбие да воведе ограничувања за извоз, во петок Америка повторно ќе воведе царина од 10 проценти на алуминиумот од таа земја, се вели во извештајот кој го пренесува Reuters.

Царините ќе се применуваат од 1 јули, кога ќе стапи во сила новиот трговски договор САД-Мексико-Канада (USMCA).

Некои индустрии, вклучително и автомобилската, повикаа на одложување на спроведувањето на тој договор поради потешкотии предизвикани од пандемијата од коронавирус.

USMCA треба да го замени 26-годишниот Северноамерикански договор за слободна трговија помеѓу трите економии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП