24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп се откажа од санкциите кон Кина

Трамп се откажа од санкциите кон Кина

Претседателот Трамп се откажа од воведување санкции за кинеските службеници кои во Ксинкјанг ги затворија во логори ујгурите и други муслимански малцинства, затоа што тоа би го нарушило неговиот трговски договор со Пекинг, дознава Axios.

На прашањето на новинарите зошто сè уште не вовел санкции за функционерите на Комунистичка партија на Кина кои ги кршеле човековите права, Трамп одговори: „Па, бевме среде голем трговски договор“.

„Направив голем договор, потенцијално вреден 250 милијарди долари и не можеме во текот на сериозни преговори само да додадеме санкции, веќе ставив тарифи многу полоши од било какви санкции“, додаде Трамп.

Американските законодавци во администрацијата на Трамп кои се залагаат за поагресивен став кон Пекинг изразија фрустрација дека претседателот не го искористил “Магнитски акт” (закон дизајниран за казнување на кршителите на човековите права) за санкционирање на кинеските власти.

Во средата, Трамп го потпиша Ујгурскиот закон за човекови права од 2020 година.

Новиот закон е обид на Конгресот да изврши притисок врз Трамп да воведе санкции кон Кина.

Министерството за финансии не воведе никакви санкции, но другите министерства на администрацијата на Трамп презедоа конкретни чекори за казнување на Кина за кршење на човековите права во Ксинкјанг.

Од септември 2019 година, Министерството за трговија и Стејт департментот наметнаа ограничувања за извоз на 21 кинески владини претставници и 16 кинески компании за кои се верува дека се соучесници во злоупотребите на Ксинкјанг.

А Стејт департментот воведе визни ограничувања за функционерите на кинеската комунистичка партија за која се верува дека ги прекршиле човековите права на ујгурите.

Покрај тоа, Соединетите држави презеле мали чекори за запирање на увозот на стока произведена од присилна работа на ујгурите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП