понеделник, 6 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа пет месеци реализирани само 18,58% од капиталните инвестиции - има институции...

За пет месеци реализирани само 18,58% од капиталните инвестиции – има институции со 0% реализација

За пет месеци од годинава  се реализирани само 18,58 проценти од капиталните инвестиции испланирани со ребалансот за годинава, со кој Министерството скрати 68 милиони евра од првично планираните со Буџетот за 2020 година, 383  милиони евра за капитални проекти. Така во периодот јануари-мај се потрошени само 59 милиони евра од предвидените 317 милиони евра, пари наменети за изградба  на патишта, училишта, амбуланти, водоводи.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека има институции кои не потрошиле ниту денар од капиталнире расходи за годинава, односно имаат 0% реализација на капиталните расходи.

Тука се Министерството за економија со 0,85% реализација или потрошило само  16.886 евра од планираните за годинава 1.994.260 евра, Министерството за локална самоуправа со 0,33% или само 520 евра од превидените 158.699 евра, Фондот за пензиско со 0,12 % реализација или само 585 евра од планираните 487.804 евра, Државниот пазарен инспекторат со 0,04% или само 56 евра потрошени од планираните 139.642 евра. Потоа Државниот инспекторат за животна  средина со 0% реализација или не потрошил ништо од 124.715 евра планирани за  проекти за годинава, Државниот завод за статистика  исто со 0% реализација од 892.6344евра планирани за трошење за  капитални проекти, Собранието со 0,62 или потрошени 7.664 евра од планираните 1.245.479 евра, Оперативно-техничката агенција со 0,32% или само 2.024 евра од предвидените 634.016 евра, Секретаријат за европски прашања со 0,08% или само 91 евра од 113.967, Агенцијата за  национална безбедност со 0% реализација од планираните 645.528 евра за капитални проекти. На списокот има  и многу други институции со реализација 0% на капиталните проекти.

За експертите реализацијата на капиталните расходи е структурен проблем кој се провлекува подолг временски период.

„Ова се должи на неколку недостатоци на системот: несоодветно планирање и преценување на плановите и иницијалниот буџет, недоволен административен и технички капацитет за имплементација и посебно спроведување на тендерските постапки, и несоодветноста на моменталниот начин на програмирање на капиталните расходи во буџетот. Корона кризата и претстојните избори ќе ја отежнат ваквата состојба, делумно поради рестриктивните мерки, а делумно и поради забавената економска активност. Без системско решение за планирање, приоритизирање, техничка подготовка и ефикасна реализација, интензивирање на капиталните инвестиции ќе биде скоро невозможно во тековниот конктест. Владата пропушти добра шанса во претходната година да го смени моделот на планирање и извршување на капиталните инвестиции“, изјави за „Денар“ Благица Петрески, Институт „Finance Think“.

Од поголемите министерства и институции со најголем буџет за капитални инвестиции голем дел потфрлиле со реализацијата на капиталните проекти. Така владата реализирала само 8,31 % од капиталните инвестиции или 479.269 евра од планираните 5.770.373 евра за годинава. Министеството за одбрана 5,63 или потрошило  1.054 943 од проектираните 18.751.983 евра. МВР исто е со ниска реализација, само 8,48% или потрошило 1.477.428 евра од проектираните 7.421.886 евра. Министерството за транспорт има 18,55 % реализација или  11.941.974 евра од предвидените 64.369.495 евра, образование 14,51% или 2.825.725 евра од вкупно 19.473.219 евра наменети за капитални проекти. Здравство е со 20,42% реализација или од 4.822 514 евра од предвидените 23.620 487 евра за годинава. Министерството за финансии реализирало 72,57% или 5.854.089 евра од 8.066 650 евра, а од сметката функции на државата само 20,57% или 11.190.487 евра од планираните 54.396.747  евра за капитални инвестиции за годинава.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП