3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите Руси станаа 16 пати побогати во последните 20 години

Богатите Руси станаа 16 пати побогати во последните 20 години

Во последните 20 години богатството на моќните Руси се зголемило за 16 пати, од 0,1 до 1,6 милијарди долари.

„Во Русија, во последните 20 години личното богатство се зголеми за 16 пати, од 0,1 до 1,6 милијарди долари. Максималниот раст е забележан од 1999 до 2014 година, во просек изнесувал 14 проценти годишно. Според просечната стапка на раст на личниот капитал во последните 20 години, Русија ги надмина светот и Источна Европа, 13,5 отсто наспрема пет и 10 отсто“, според истражувањето на Boston Consulting Group.

Се наведува дека 40 проценти  од богатството им припаѓа на Русите кои поседуваат повеќе од 100 милиони долари. Повеќе од една четвртина од имотот на руските граѓани е концентриран во странство.

Според прогнозата на компанијата, во наредните пет години се очекува пад на стапката на раст на капиталот за 6,5 проценти или четири проценти, поради влијанието на кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус. Во најлошото сценарио се предвидува дека стапката на акумулација на капитал ќе падне за 3,8 проценти.

Завидлив индикатор во последните 20 години е постигнат благодарение на еластичноста на капиталот на надворешните шокови. На имотот на богатите Руси не можеа да влијаат ниту неколку светски кризи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП