25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономисти: Три години за закрепнување на грчката економија

Економисти: Три години за закрепнување на грчката економија

На грчката економија ќе и бидат потребни инвестиции од 25 милијарди евра во следната година и во секоја после тоа, се до 2024 година, со цел да се отстранат последиците од пандемијата, а растот, производството, вработеноста и платите да се вратат на ниво од 2019 година, покажа истражувањето кое го водел професор на универзитетот Пантеон во Атина, Савас Роболис, пишува еКатимерини.

Студијата покажува дека Грција би можела да побара 32 милијарди евра за тие инвестиции (18 проценти од БДП) од европските фондови за итни случаи, кои се достапни за периодот од 2021 до 2027 година.

Тие пари би требало да се инвестираат во реструктуирање на производството и технологијата во земјата.

За оваа година, студијата предвидува рецесија од 10 проценти до 12 проценти, а стапката на невработеност ќе се движи од 21 проценти до 22 проценти.

Ако се остварат годишните инвестиции во износ од 25 милијарди евра, односно 13 проценти од БДП и ако приходите од туризам се зголемат на 70 проценти, економистите очекуваат стапката на раст да се врати на ниво од минатата година до крајот на 2023 година.

Предвидуваат дека ова може да се оствари и со пораст на невработеноста на 17,3 проценти, како и со проширување на флексибилни форми на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП