6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија најевтина за живот, Данска најскапа

Бугарија најевтина за живот, Данска најскапа

Разликата во цените на стоките и услугите во некои земји членки на ЕУ беше значајна во 2019 година – најскапa за живот е Данска, а најевтина е Бугарија.

Ова се податоци презентирани од Европската статистичка служба Eurostat.

Потрошувачките цени во Данска изнесуваат 141 проценти во однос на просекот на ЕУ, додека Бугарија со 53 проценти е најповолна.

Бугарија има најевтин алкохол и тутунски производи – 62 проценти во однос на просекот на Унијата.

Бугарските хотели и ресторани нудат најниски цени – 45 проценти во однос на европскиот просек, облеката во Бугарија е на ниво од 79 проценти во однос на просекот на ЕУ, додека истата стока во Данска со цена која изнесува 132 проценти од просекот.

Што се однесува до домашните електронски уреди, тие се во Бугарија на ниво од 92 проценти во однос на просекот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП