2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: И покрај короната очекуваме закрепнување во вториот дел од годината

Ердоган: И покрај короната очекуваме закрепнување во вториот дел од годината

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денес призна дека земјата последните недели се соочува со потешкотии во борбата против пандемијата од коронавирус, но дека почитувањето на мерките за заштита ќе и помогне на економијата да се опорави во втората половина од годината.

„Бројките од претходните денови покажуваат дека ја изгубивме својата позиција во борбата против епидемијата“, изјави Ердоган во телевизиското обраќање.

Турција укина некои рестриктивни мерки овој месец, а бројот на нови случаи на коронавирус се удвои и изнесува скоро 1.600 на ден.

„Сакаме да ја отстраниме пандемијата од својата агенда со почитување на мерките за хигиена, социјална дистанца и носење маски во земјата“, изјави Ердоган, пренесува Reuters.

Сигналите за економско закрепнување се „доста силни“ од мај, изјави Ердоган и додаде дека очекува голем интензитет во втората половина од годината.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП