28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина пријави 18 нови случаи на коронавирус

Кина пријави 18 нови случаи на коронавирус

Кина пријави 18 нови случаи на коронавирус, што е знак дека епидемијата во Пекинг можеби започнува да опаѓа.

Меѓу новите случаи, девет се пријавени во кинеската метропола, што за прв пат од 13 јуни е регистриран едноцифрен број на случаи во Пекинг, кога почнаа да се пријавуваат резултатите од големото тестирање кое е спроведено во тој град.

Два случаи се пријавени во провинцијата Хубеј, во близина на Пекинг, додека останатите седум биле увезени и забележани во Шангај, Тијанџин, Лиаонинг и Шанкси, според зборовите на здравствените власти.

Вкупно 236 нови случаи на коронавирус се потврдени во Пекинг, откако е откриено дека локалната зараза се шири од пазарот на големо Xinfadi во југозападниот кварт Фенгтаи на почетокот од овој месец. Оттогаш, главниот град презеде драстични чекори за борба против заразата, спроведување масовни тестови, затворање училишта, карантинзирање на населби и забрана за патувања кои не се потребни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП