24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го намалува бројот на работници: Ги испраќа во пензија или на...

BMW го намалува бројот на работници: Ги испраќа во пензија или на доквалификација со гаранција за вработување

Германскиот производител на автомобили BMW најави укинување на пет проценти од работните места како резултат на намалената побарувачка на пазарот, јавува агенцијата Anadolu (АА).

Раководството на BMW денеска соопшти дека постигнало договор со претставниците на работниците за потребните мерки поради падот на побарувачката на глобалниот пазар кој го предизвика пандемијата од COVID-19.

Во соопштението се наведува дека BMW ќе го намали бројот на вработените за 6.000, и дека тоа ќе го стори со предвремено пензионирање или доквалификација на работниците.

На работниците кои се близу до пензија ќе им биде исплатено потребното осигурување за да одат во предвремено пензионирање, а помладите работници ќе добијат стипендии да го продолжат образованието, и тоа со гаранција дека по здобивање со поголема титула повторно ќе се вработат во BMW.

BMW ширум светот вработува вкупно 126.000 работници, а со новите мерки се обидува да ги санира последиците кој ги претрпе глобалната економија и автомобилската индустрија поради пандемијата од COVID-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП