6 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФилипче: Ќе почнеме да ги објавуваме оние кои не ги примаат решенијата...

Филипче: Ќе почнеме да ги објавуваме оние кои не ги примаат решенијата за самоизолација

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска или најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, а станува збор за 450 такви решенија.

-Утрово уште еднаш дискутиравме на состанокот на Комисијата за заразни болести како да го решиме овој проблем. Станува збор за 450 решенија за кои очекувавме помош од МВР, но тие не се поделија, ги вратија назад. Веројатно дека денеска или најдоцна утре ќе започнеме таканаречена јавна објава зашто, едноставно, луѓето не се достапни или даваат погрешни податоци во анкетните листови. Тоа се луѓе кои се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и непочитуваат самоизолација може болеста да ја шират. Така што, сметам дека овие денови и тоа ќе биде решено, изјави Филипче при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП