18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ во трка за вакцина против COVID-19 ги ублажува регулативите за GMO

ЕУ во трка за вакцина против COVID-19 ги ублажува регулативите за GMO

Европската комисија како дел од новата стратегија за вакцинирање, предложи привремено да ги ублажи строгите ЕУ регулативи за генетски модифицирани организми (GMO) за забрзување на развојот и лечењето од COVID-19.

Потенцијалните вакцини на кои работат фармацевтски компании како AstraZeneca и Johnson & Johnson содржат GMO или се состојат од GMO.

Брисел е подготвен да го ублажи ставот кон GMO во клиничките испитувања за вакцината против коронавирус, која вклучува повеќе земји за да избегне “тесни грла”.

Сегашното GMO законодавство не ги познава итните ситуации, но процедурите се многу сложени и долго траат, соопшти Комисијата, истакнувајќи дека „постојат значителни разлики во националните процедури за спроведување на GMO директиви“.

Предложеното дерогирање, кое треба да биде одобрено од Европскиот парламент и Советот на ЕУ,  би траело колку и опасноста по јавното здравство од COVID-19, соопшти Комисијата.

Полабавите правила би се однесувале не само на клиничките испитувања на вакцината за COVID-19, туку и за лечење, се вели во соопштението на ЕК.

Меѓутоа, како што се додава, пред пуштање во промет, сеедно ќе се бара доказ за усогласеност со добра производна практика и проценка на влијанието врз животната средина.

Комисијата повика предлогот да се усвои што е можно поскоро, со цел клиничките испитувања за вакцината во Европа да се овозможи во што пократок рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП